fbpx

JСП го упропастија медарот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Васко Кичевски, претседател на Градска огранизација на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

За само една година новата локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и го донесе до целосен колапс Јавното Сообраќајно Претпријатие.
Поради неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка која се занимава само со тендери и провизии, јавниот превоз не функционира.

Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање.

Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата.

Нема долг на Владата, тоа е само очаен обид за манипулација и прикривање на неспособноста, обид сопствената вина да ја префрлат на некој друг.

JСП Скопје го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.

Заедно ветуваа бесплатен превоз за скопјани а сега велат друг дека треба да се грижи за ЈСП.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска јавно да одговорат: дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување на нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?

Дали медарот и шпицен градоначлник Мицкоски и неговата градоначалничка повторно ги ставиле рацете во медот и на сметка на платата на вработените во ЈСП е направен криминал?

Медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничката со ваквата пракса го доведуваат градот Скопје до целосна нефункционалност. Жртви на ваквата неспособна и неодговорна градска власт на ВМРО-ДПМНЕ се само жителите на градот Скопје.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, ги повкуваме да не се кријат, да седнат да работат и јавно да понудат решение за проблемот кои самите го создадоа.

Последни вести