Соопштение за јавност
Медарите од ВМРО ДПМНЕ го доведоа ЈСП пред колапс, а Скопје без јавен превоз, врв на неспособност
За првпат во историјата Град Скопје и неговите жители остануваат без јавен автобуски превоз.
Милионски долгови, неисплатени плати и колапс на ЈСП Скопје за само една година, донесоа неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ.
Речиси по правило, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, Јавното сообраќајно претпријатие се соочува со проблеми.
Така беше и при набавката на кинеските автобуси во време кога директор на ЈСП беше Игор Јанушев, против кого се води судски предмет за спорната набавка на автобусите, така е и денес кога ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го водат Градот.
И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје тера дневна политика, претседателот на Советот Трајко Славевски на седницата грабаше микрофони а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката зборуваа за се освен за решенија на проблемот.
Колапсот на ЈСП е врв на неспособност на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, поради нивниот неодговорен и нечесен однос страдаат граѓаните кои се без јавен превоз, страдаат вработените во ЈСП кои 20 дена се без плата.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за скопјани.