fbpx

Шутаров: ВМРО-ДПМНЕ и градската власт да одговорат зошто долгот на ЈСП за една година се зголеми за цели еден милион евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советникот на СДСМ Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје истакна дека СДСМ ќе гласа за иницијативата за пренамена на буџетските средства во висина од 133 милиони денари и најави дека ќе биде побаран отчет и одговорност за работата на ЈСП како и одговори на прашања кои јавноста треба да ги знае.

Ние ќе ја поддржиме оваа иницијатива за пренамена на средства за да можеме да им овозможиме на вработените, коишто чесно и вредно си ги заработиле своите плати да можат да им се исплатат и скопјани повторно да имаат јавен превоз, нагласи Шутаров.

Тој запраша колку од овие 133 милиони денари се предвидени за плати, односно дали се предвидени за плати до крајот на годината и дали во овие 133 милиони денари влегува и долгот кон приватните превозници, кој го има ЈСП во висина од 60 милиони денари, бидејќи и тие излегоа со определени барања, ако не им се исплатени средствата за превоз.

Граѓаните имаат право да знаат зошто долгот на ЈСП за една година се зголеми за цели 1 милион евра, дали има потпишано анекс на договорот за набавка на нафтени деривати каде што дериватите се поскапи за 5,6 денари по литар, рече Шуратов.

Тој додаде дека директорот на ЈСП треба на ова да одговори и конечно да одговори на прашањето кои се тие 20 луѓе коишто упорно од сабајле ја попречуваат норамалната работа на ЈСП за да не може ЈСП денеска да извршува јавни услуги.

Советникот Шутаров побара информација во каква состојба е градскиот буџет.

Каква е фактичката состојба на буџетот на Град Скопје и дали има пари за оваа намена, без да се наруши балансот и континуитетот на работата на градот, а со оглед на тоа дека најголем дел од средствата се кратат од ставките изградба на улици и патишта и реконструкција на улици и патишта дали тоа значи дека започнати проекти ќе бидат запрени или определени најавени проекти, воопшто нема да доживеат почеток, рече советникот на СДСМ во Град Скопје Гордан Шутаров.

Последни вести