Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ навикната институциите да бидат партизирани и наместо јавен сервис да бидат сервис на партијата изнесува тврдења за наводни проневери со средства од ЕУ од страна на Националната агенција за европските образовни програми и мобилност.
Несериозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да наштети на успехот на Владата предводена од СДСМ во приближувањето на земјата кон евроатлантские интеграции, кои во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ беа далечни и недопирливи.
Капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ да ги сфати евроинтеграциите и самата програма Еразмус+ се ограничени и затоа Национална агенција кани претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на следната обука за програмата Еразмус+ како би им се разјасниле процедурите и правилата на програмата.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги извршува своите активности транспарентно и за тоа ја известува Европската комисија.
Во недостаток на вистински идеи и програми ВМРО-ДМПНЕ продолжува да конструира непостоечки случаи и да шири невистини. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ денес, сите институции работат согласно законите и во интерес на граѓаните.