Соопштение за јавност
СДСМ продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои имаат за цел унапредување на правата на жените и родовата еднаквост.
Донесен е Закон за спречување и заштита од дискриминација во кој како основа за дискриминација за првпат е вклучен родовиот идентитет.
По долги години, Собранието ја ратификуваше Истанбулската конвенција, а донесен е и Национален акциски план за нејзина имплементација.
Како одговорна партија остануваме посветени на нашата заложба, за зголемување на квотите на застапеност на жените во политиката на 50 отсто. Тоа го покажуваме и низ сопствен пример. За првпат Извршниот одбор на СДСМ има повеќе жени, од 16 членови, 9 се жени.
Преку бројни мерки обезбедуваме услови за подигнување на животниот стандард и независноста на жените. Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите.
Зголемена е минималната плата во сите дејсности вклучително и во кожарската, чевларската и текстилната индустрија каде доминантно работат жени кои со години беа дискриминирани. Воспитувачките и негувателките во градинките добија покачување на платата во просек од 3.000 денари, а водиме грижа и жените кои се занимаваат со земјоделство кои имаат можност да добијат неповратен грант до 3.000 евра.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што ги унапредуваат правата на жените, остануваме силно фокусирани на градење на општество кое нуди еднаква шанса за сите.