Соопштение за јавност
Со низа мерки во ребалансот на буџетот, СДСМ како одговорна партија продолжува да работи за граѓаните и подобрувањето на животниот стандард.
Покрај мерките за зголемување на платите, програмите за вработување на младите, зголемувањето на средствата за здравството, социјалната политика, подобрувањето на инфраструктурата, ребалансот на буџетот предвидува средства за еколошки проекти, пред се за заштита на Охридското езеро.
Во Ребалансот на буџетот предложен од Владата предводена од СДСМ се издвојуваат 183 милиони денари за нов колекторски систем, како дел од мерките за заштита на Охридското езеро. За потсетување, по речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.
Децениската негрижа и големата урбанизација во изминатите десетина години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа колапс на Охридското крајбрежје и закана Охрид да биде отстранет од листата на УНЕСКО на заштитено светско наследство.
Денес, Владата, Општината и сите надлежни институции прават се Охрид и Охридскиот регион да останат на листата на УНЕСКО.
Посветено и одговорно работиме на исполнувањето на препораките на УНЕСКО.
Издвојуваме дополнителни средства за новиот колекторски систем за заштита на автентичноста на светското наследство во Охридскиот регион.