Соопштение за јавност
Борбата против криминалот, високата корупција мора да продолжи и ние навистина конечно мораме да имаме решение, со кое сите ресурси ќе бидат ставени во функција на вистинска и бескомпроимисна борба против криминалот, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во синоќешното гостување на емисијата „Топ Тема“.
– Суштината на целиот проблем зошто ние не стигнуваме до решение сите овие месеци наназад се сведува на една многу проста причина, а тоа е како да не видат светло на денот одредени предмети што ги води СЈО. Тоа е вистината, рече Калеска Ванчева изразувајќи уверување дека ќе се изнајде решение, бидејќи како што посочи голема е потребата за носење на закон за јавно обвинителство, во кој ќе биде вклучено Специјалното јавно обвинителство.
Веќе целата јавност знае кој има сериозен, а кој несериозен пристап за решавањето на прашањето со Специјалното јавно обвинителство, посочи пратеничката Калеска Ванчева, нагласувајќи дека СДСМ како одговорна партија се залага и ќе се залага политиката да не се меша во третата власт, како и за градење систем на независно и неселективно владеење на правото.