fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите, денес Владата од СДСМ преку реални младински политики вистински се грижи за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што ги игнорираше младите и нивните потреби, туку со деструктивните политики го поттикнуваше масовното иселување од државата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ со години парите на граѓаните ги трошеше на криминални проекти, барок, споменици и стиропор, младите тонеа во сиромаштија и масовно се иселуваа надвор од државата.

Наспроти таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ презема и реализира  бројни мерки и проекти што не само што го олеснуваат животот на младите, туку и ги охрабруваат младите да останат тука.

Преку Гаранцијата за млади обезбедуваме пракса, вработувања или доквлификација на младите. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекувањата се за далеку поголем број на опфатени млади бидејќи мерката се спроведува на територија на целата држава.

Со проектот Европска младинска картичка се намалуваат трошоците за транспорт, спорт, едукација и рекреација а картичката важи во стотици локали низ целата држава. Тоа, освен што носи заштеда и помали трошоци,  ќе го унапреди социјалниот живот и личниот развој на младите.

Обезбедуваме поддршка за младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделство. Мерката Млад земјоделец обезбедува 10.000 евра непорватни средства за млади земјоделци до 40 години возраст, а со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп на државно земјоделско земјиште во првите три години.

Последни од низата реформи за младите се и објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари.

Реализираме и бројни мерки за младите лекари да останат во државата и да работат во јавното здравство и тоа веднаш по завршувањето на образованието.

Веќе се објавени два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри и сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати ќе започнат со работа во следниот период. За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период.

Со новиот ребаланс на  буџетот планирани се нови 200 милиони денари за активни политики и мерки со посебен осврт на младите со цел нивно задржување дома, а според официјални информации бројот на вработени лица е зголемен за 5,3 проценти.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите со крајна цел тие својата иднина да ја гледаат во својата татковина.

Последни вести