Соопштение за јавност
Во паника од правдата и реформите и зајанувањето на правната држава, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со ширење лажни вести и манипулации, овој пат поврзани со Академијата за судии и ајвни обвинители.
Наместо да контруира непостоечки случаи и заговори, Димче Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат од каде им се информациите кој кандидат колку поени има освоено, кога полагањата се заведени под шифра?
Дали во ВМРО-ДПМНЕ имаат информации кој кандидат под која шифра полага?
Истовремено, полагањата се одржуваат неколку денови по ред а не само еден ден.
Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат од каде им се информациите кој кандидат кога полага, бидејќи и списоците за полагање се со шифра?
Не минува ден а од белиот дворец да не се пласираат лаги, манипулации и непостоечки случаи.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се насочени единствено во одбрана на криминалот и попречување на правдата и затоа јасна е безидејноста во белиот дворец.