Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ да се извини, Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со дезинформации и невистин, во врска со наводно склучени договори на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп на земјиште.
Наместо опозицијата да се занимава со блокирање на помошта за земјоделците, детално да го провери изворот и владиноста на она што ги презентира како наводна афера.
Имено договорите со кои мафта Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се фалсификат.
Не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот, ниту пак е употребен факсимил за нивно потпишување.
Уште во октомври 2021 година поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа.
Службите на министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето на лажни договори за закуп и навремено се известуваат надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување на соодветни постапки.
ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените лаги и невистини до министерот Љупчо Николовски, до земјоделците и до целата јавност.