fbpx

Патриотизам е кога работиме за граѓаните, кога обезбедуваме мирна сегашност и светла иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани граѓани, почитувани членови на СДСМ

Чест ми е што денеска имам можност да се обратам на Традиционалниот пикник по повод 8 септември Денот на независноста.

Овој датум, силно врежан во нашата историја e паметник на државноста и водилка кон иднина.

Многу неизвесности беа дел од тој 8 септември 1991 година, кога трганвме да чекориме како независна, суверена и демократска која имаше амбиции да стане рамноправен партнер со светот, полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Денес, 28 години подоцна, неизвесноста ја нема. Чекориме сигурно кон ЕУ и НАТО. Заслужено стануваме членка на НАТО до крајот на годината, а веќе есенва со право очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.

Но и пред 28 години и денес, СДСМ е таа која ја има обврската да обезбеди сигурна и стабилна сегашност, да обезбеди мирна и светла иднина.

Од самото формирање, па се до денес, целокупните капацитети на СДСМ се ставени во фунцкија на државата и нејзините граѓани.

Така беше и во 1991 кога се изборивме за државност, така е и денес кога сме пред вратите на ЕУ и НАТО кога се градиме како едно општество за сите.

И затоа, кога ќе речеме дека СДСМ е државотворна партија, тоа не значи само обичен епитет, туку суштинска дефиниција на нашето функционирање.

Почитувани присутни,

Ако пред 28 години патриотизам беше да се избориме за независнот, денес патриотизам е кога работиме за граѓаните, за државата.

Денес, патриотизам не е да потрошите пола милијарда евра на споменици, лажен барок и стиропор во центарот на Скопје, додека делови од градот немаат вода ниту канализација.

Денес, патриотизам е кога обезбедуваме вода до секој дом до секое семејство.

Патриотизам е кога ја унапедуваме патната инфраструктура, кога градиме и реновираме сигурни и безбедни сообраќајници.

Во изминативе две години покажавме и на локално и на централно ниво дека може да се работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните.

Ги реализираме дадените ветувања и затоа денес можеме граѓаните да ги погледнеме во очи, без страв и без срам.

Ги решаваме и наследените проблеми останати од децеинското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Го ставивме граѓанинот и неговите потреби на централно место, работиме и создаваме за него.

И немаме намера да застанеме. Во периодот што претстои продолжуваме уште попосветено уште понапорно да работиме за реализација на мерките и политиките што обезбедуваат подобар живот за сите.

СДСМ останува со граѓаните. Секојдневно наши функционери се меѓу граѓаните за да ги слушнат нивните потреби, сугестии и коментари и да постапуваат по нивните барања.

СДСМ отсекогаш била и ќе биде државотворна партија. И денес имаме  обврска да обезбедиме сигурна и стабилна сегашност, да обезбедиме мирна и светла иднина.

И бидете сигурни дека тоа го правиме и ќе продолжиме да го правиме.

Нека ни е честит 8 септември- Денот на независноста.

Да живее СДСМ

Да живее Република Северна Македонија!

Последни вести