Најава, Традиционален празничен пикник за одбележување на Денот на независноста и обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев
Утре (08.09.2019) со почеток од 13.00 часот по повод одбележувањето на големиот државен празник 8-ми Септември, во Комплекс Пеленица (Манастир св.Руса) кај село Драчево, ќе се одржи празничен пикник што традиционално го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.
На настанот свое обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, поканети се сите граѓани, заедно да го прославиме Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8-ми Септември.