fbpx

Продолжуваат инвестициите на централната власт предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачески продолжува со инвестиции во патната инфраструктура во сите делови од прилепскиот регион.
Пред десетина дена заврши реконструкцијата на делот од патниот правец Ново Лагово – Бучин, којшто беше во катастрофална состојба, со големи оштетувања и ударни дупки.
Со нов слој на асфалт рехабилитири се 5.5 километри од овој регионален пат, инвестиција во вредност од околу половина милион евра.
Дека Прилеп е исклучително важен за Владата на СДСМ, потврдува и реконструкцијата на 15 километри од патот за Мариово, за кои се издвоени 1,2 милиони евра.
Преку овие значајни инвестиции во патната мрежа, и тоа во време на светска економска и енергетска криза, успешно ја движиме економијата напред и драстично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните.
Дури и во вакви вонредни услови, си стоиме на дадениот збор.
Почитувани граѓани,
Додека СДСМ посветено работи за доброто на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски работат за сопствените бизнис интереси.
Тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје, каде беа директно фатени со рацете во медот, е доказ дека за функционерите на ДПМНЕ лукративните и криминални интереси се над интересите на граѓаните и државата.
Во Прилеп, на чело со веќе докажано најлошиот градоначалник во историјата на градот, имаме зголемување на цените на сите комунални услуги и директно удирање по џебот на граѓаните, за сметка на новите партиски вработувања во општината.
После едногодишното владеење на Борче Јовчески, во Прилеп нема ниту еден новореализиран проект, а разликата помеѓу чесниот пристап на СДСМ и криминалното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, е кристално јасна.

Последни вести