fbpx

Мелов: СДСМ е обединет, мобилизиран, исправен пред денешните предизвици

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вечерва сме тука за да пратиме една силна и важна порака за Кавадарци и целата Тиквешија, СДСМ е обединет, мобилизиран, спремен, исправен пред денешните предизвици, порача претседателот на ОО Кавадарци Вуко Мелов на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кавадарци.

Мелов истакна дека СДСМ е фокусиран и подготвен Кавадарци да го гради како град на рамноправни и вредни луѓе, социјален мир и отворени можности за сите, град во кој институциите, а не интересите на поединците ќе ги дефинираат правилата кои важат и функционираат за сите, кои гарантираат работа и социјална правда, европска иднина и обезбедена егзистенција.

Секој луксуз кога ВМРО-ДПМНЕ добиваше одговорност во изминатиот период се претвараше во авантура со силни и тешки последици по сите државни процеси и интереси. Што остануваше после нив – растурена меѓуетничка хармонија и отворени конфликти, изгубени меѓународни пријатели и интегритет на државата, царуваше криминал и корупција, разорени институции и отворени дилеми околу опстојноста на државата, нагласи Мелов.

Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци Вуко Мелов се осврна на бројните проекти реализирани од централната власт во Кавадарци и Тиквешијата, меѓу кои ги издвои опремувањето на болницата, реконструкција на мостот во Ваташа, патот Возарци – Раец – Фариш, изградба на нова детска градинка во Кавадарци.

Покрај ова силно и посветено помагавме и ќе помагаме на земјоделците, обезбедивме откуп годинава со 30 отсто повисоки цени на грозјето. Редовно се зголемуваа субвенциите, програмите за подршка на земјоделието. Директно помогнавме отврање на 20 семејни винарии, во 2023 во план се уште 20, истакна Мелов.

Од вечерва тргнуваме во еден силен и цврст поход. Да ја вратиме СДСМ во Кавадарци таму каде и е местото, лидер на промените, прогресивното, обединетата политичка сила, цврста тупаница на работниците, земјоделците, селаните, граѓаните, прогресивните, домаќините, порача од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на ОО Кавадарци Вуко Мелов.

Последни вести