fbpx

Ковачевски од Кавадарци: СДСМ e печатот на македонската европската идеја

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината!“ се обрати пред кавадарчани и во своето обраќање потенцираше дека СДСМ како државотворна партија е печатот на македонската европската идеја.

„31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата. Така било, така e и така ќе биде, СДСМ е тука за граѓаните, за државата, СДСМ е тука за сегашноста, но и за иднината“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека процесот на интеграција нема да биде лесен, но големата награда е на крајот на тоја пат а тоа рамноправна земја членка во ЕУ.

„Да бидеме дел од ЕУ, од тоа големо семејство на државотворни европски народи како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет. Европската иднина е нашата иднина, ЕУ е мојата визија за иднината. СДСМ е печатот на македонската европската идеја. Но, ние ги повикуваме сите да се вклучат на тој пат. Знаеме дека нема да биде лесно, секој пат е тежок, ама ако се има визија не чека големата награда на крајот на тој пат – европската идина.“ порача Ковачевски

Последни вести