Соопштение за јавност
Во време на најкризна година ги исплаќаме сите заостанати субвенции кон земјоделците, со што на дело покажуваме што значи никој да не биде оставен односно вистинска грижа на државата кон нејзините граѓани, порача вечерва од Кавадарци претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Ковачевски зборуваше и за новиот модел на субвенционирање на земјоделците кој има за цел навремена и зголемена поддршка кон земјоделците со цел зголемување на домашното земјоделско производство.
„Запознаени се земјоделците, заедно со нив работевме на промените, со цел да ги заштитиме вистинските земјоделци и секако да го зголемиме производството на храна во државата. Со новиот, т.н де-каплинг систем земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни парите. Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги. Досегашниот систем, според којшто земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со прикажување резултати од вложувањето.
При тоа, со новиот модел на субвенционирање не е предвидено намалување на средствата за земјоделците, туку поефикасна распределба на средствата и побрза исплата. Нашата цел е да им помогнеме на земјоделците, тоа што тие го побараа од нас, да имаат предвидливо и одржливо земјоделско производство.
Ова е бенефит и за земјоделците и за граѓаните и за државата и верувам дека ќе имаме успех и од оваа системска реформа. И затоа кога мислиме на грижа за земјоделците, за лозарите мислиме на ова – на конкретни навремени и ефикасни мерки за помош и поддршка.“ истакна Ковачевски во своето обраќање во Кавадарци.