fbpx

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ диктираше случаи и одредуваше притвори, денес институциите работат независно и професионално

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штанцање на лажни вести, невистини и вештачки креирани случаи, во отсуство на вистински идеи и мерки.

Уште една голема лага во низата невистини е и поврзаноста на службените притворени лица од Министерството за транспорт и врски со барањето на мислење од Државното правобранителство за компанијата Тополки .

Притворените лица кои ги наведува ВМРО-ДПМНЕ се дел од друг судски случај и нема никаква врска со наведеното.

Диктирање пресуди и монтирање случаи беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши , денес партиите не водат истраги, не одредуваат притвори.

Денес законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално и во служба на законите.

Ги поддржуваме надлежните институции да работат во интерес на правдата и сите отворени предмети, вклучително и конкретниот за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ да бидат целосно расчистени.

Секој за кој низ судска постапка ќе се докаже дека сторил кривично дело ќе одговара без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.

 

Последни вести