fbpx

Градиме по план, прв памптрак парк на површина од 1690м2

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО Центар

Продолжуваме со модернизација и збогатување на неискористени и запоставени јавни површини на територија на Општина Центар.  
 
Благодарение на Град Скопје и градската власт, просторот пред Олимпискиот базен во Центар, кој со години беше неискористен е уреден со нови содржини и претворен во ново место за спорт, рекреација и дружење на граѓаните.  
 
На површина од 1.690 квадратни метри, го изградивме  првиот  PUMPTRACK парк, наменет за вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите.
 

Полигонот е изграден според сите тандарди за безбедна спортска активност. 
 
Поделен е на два дела, за деца и за возрасни, а ќе можат да го користат и почетници и професионалци, но и лица во инвалидски колички. 
 
Почитувани граѓани,
 
Чекор по чекор, го реализираме ветеното. 
 
Работиме посветено за подобри услови и поквалитетен живот на нашите граѓани.
 
За нас, зборот важи!
Последни вести