Врз основа на член 29, став 1, алинеја 25 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии заверена со архивски број 02-691/1 од 20.08.2014 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0202-43/1 од 06.02.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0205-332 од 19.07.2019 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0203-361 од 22.08.2019 година,донесена на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 11-та седница одржана на 22.08.2019 година, се објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на претседател и членови на постојното работно тело – комисија на
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани лица да поднесат кандидатура за претседател и членови на постојното работно тело на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Комисија за спорт.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Активен во спортот најмалку 2 години во некои од следните области:
– Спортист;
– Тренер;
– Спортски работник;
– Волонтер во спортот;
– Носител на висока функција (во приватен или јавен сектор), кој со своето работење го помага спортот;
- Да има придонес во стручна, научна и општествена активност во спортот;
- Да биде познавач на состојбитево спортот(клуб, федерација) како и проблемите во однос на финансирањето на спортот во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија;
- да бидe исклучително стручeн, компетентен и посветен за активно промовирање и помагање во одржувањето на секој вид спорт во сите сегменти од општеството;
- со својот ангажман и работа да придонесува и промовира активно учество на младите во спортот;
- да ги спроведува одлуките, актите и протоколите на СДСМ, вклучително и особено сите кои се однесуваат на системот на комисиите;
- целосно да ги спроведува упатствата и инструкциите кои ќе бидат испорачани од системот на комисии на партијата;
- да поседува силно изразени комуникациски и организациски способности;
- во целост да учествува и да ги исполнуваат обврските за соодветен ангажман во останатите партиски активности, кампањи и конкретни задачи од партијата во целина;
- да има изразена способност за работа во тим;
- да ги прифати и во целост да ги почитува и применува нормите и правилата од Кодексот на СДСМ;
- да ги спроведува обврските и надлежностите кои се предвидени со посебен Правилник донесен од И.О на Ц.О. на СДСМ, а кои се однесуваат на соодветна позиција во Комисија на СДСМ.
Заинтересираните кандидати за претседател треба да достават биографија и план за работа, а кандидатите за членови треба да достават биографија до Претседателот на СДСМ, во седиштето на партијата на ул.„Павел Шатев“ бр.8 Скопје, најдоцна до 01.09.2019 година.
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА