fbpx

Мирчески: Платите растат, економските реформи на Владата предводена од СДСМ носат помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn
Маалска средба, Пеце Мирчески, член на ЦО на СДСМ, Куманово
 
Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчески, придружуван од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на ОО СДСМ Куманово Мартин Костовски денеска беше на маалска средба со жителите на населбата Гоце Делчев во Куманово.
 
На маалската средба се разговараше за значењето на непосредните средби со граѓаните на кои се слушаат нивните потреби, идеи и предлози, како и за процесот на промени во партијата и извршната власт.
Мирчески ги потенцираше  спроведените реформи во повеќе сектори и придобивките што граѓаните ги имаат од нив.
 
– Владата предводена од СДСМ веќе 2 години ги исполнува ветувањата кон граѓаните кои обезбедуваат подобар живот за сите. Укината е радиодифузната такса, повторно е воведена евтината тарифа на струјата. Преку мерката “Мој ДДВ” за првпат државата враќа пари директно кај граѓаните, а досега скенирани се над 11 милиони фискални сметки. Реални резултати даваат и реформите во земјоделството. Откупните цени на производите постојано растат, а преку мерката “Зелена нафта” земјоделците добиваат за 30 поевтина нафта за земјоделска механизација. – истакна Мирчески.
 
Мирчески посочи дека од почетокот на летото, тимови на СДСМ во рамки на работните активности се помеѓу граѓаните со цел да се слушнат нивните ставови и сугестии и да се остварат нивните потреби.
СДСМ останува на страната на граѓаните и посветено продолжува да работи исклучливо во интерес на државата и граѓаните.
 
Зборот Важи!
Последни вести