fbpx

Промените во СДСМ се нова енергија за забрзување на напредокот, во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на одбрана на криминалот, симбол на лажните вести и деструктивното однесување на штета на граѓаните и државата.

 

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност.

 

Oбидите да се попречи правдата, да се закочат реформите, да се блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, се доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова, дополнителна енергија за забрзување на напредокот.

 

СДСМ е препознаена како одговорна, државотворна партија која отвора шанс за младите.

СДСМ останува со граѓаните и продолжува да се менува во нивен интерес. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструктивната матрица и продолжува да делува по насоките од Будимпешта.

 

New layer…
Последни вести