fbpx

Костадинов од Босилово: Со СДСМ земјоделците добиваат силна поддршка, а државата има сигурна европска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов попладнево се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Босилово.

Пред присутните Костадинов истакна дека СДСМ во своите политики во изминативе години на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

– Во време на светска економска криза ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, следуваше усогласување на платите во многу сектори каде денеска вработените добиваат повисоки плати. Со пензионерите договоривме рекордно зголемување на пензиите, а преку два пакети мерки вредни над 760 милиони евра им помагаме на најранливите категории граѓани. Во време на светска криза за храна посебен фокус ставивме на земјоделството. Ги исплативме сите неисплатени субвенции кон земјоделците, ги субвенционираме трошоците за набавка на вештачки ѓубрива, а од следната година воведуваме нов поефикасен и поправеден систем на субвенции со цел земјоделците навреме да ги добиваат своите субвенции, порача Костадинов.

Костадинов посочи дека покрај грижата за сите граѓани, СДСМ како државотворна партија, посветено работи и на обезбедување на европската иднина на државата.

– 17 години бевме во чекалната на ЕУ, а сега конечно влеговме во процесот на преговори за членство и тоа како Македонци со заштитен македонски јазик и потврден македонски идентитет. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на многу генерации македонски полиитчари и таа цел можеме да ја оствариме заедно со останатите политички субјекти.

Последната помош од 80 милиони евра за справување со кризата, како и проектите финансирани од ИПАРД програмите се само дел од фактите што докажуваат колку ЕУ е важна за нас како држава и општество. Нашата иднина е во ЕУ, а токму ние, токму СДСМ ја обезбедува таа иднина, заклучи Костадинов.

Последни вести