fbpx

Ковачевски: Скапите лаги на ВМРО-ДПМНЕ платени од трети центри на моќ се потопени – македонската иднина е европска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ денес на трибината која се одржа во Струмица посочи дека по 17 години минати во чекалницата започнавме преговори со ЕУ како Македонци со признат македонски идентитет и со тоа пропаднаа сите лаги на ВМРО ДПМНЕ, партијата која ги кочеше сите важни процеси во државата.

“Нема асимилација нема бугаризација, нема бришење на македонскиот јазик. Тие скапи лаги пропагирани од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, силно поддржани од трети центри на моќ се потопени.

Низ многу премрежја во минатото минал овој наш македонски народ, заедно со сите други наши сограѓаните кои живеат на ова парче земја. Сега имаме шанси на се да ставиме крај, да се обезбедиме за век и на век, еднаш засекогаш, да станеме дел од големото европско семејство државотворни народи. “ рече Ковачевски.

Последни вести