fbpx

Ковачевски: Секоја тешка одлука денес е за подобра иднина на младите утре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На трибината во Струмица претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред граѓаните ја сподели тимската визија на која интензивно се работи со цел градење на модерна европска држава на среќни и богати граѓани.

„Северна Македонија треба да биде држава на странски директни инвестиции со нови технологии, со нови добро платени работни места, енергетски независна држава со инвестиции во обновливи извори на енергија.

Оваа визија можам да ја остварам само со ваша поддршка. Со силен ангажман не секој присутен во оваа сала, но и на оние надвор од неа.

Затоа ве повикувам на акција. Потребна ми е поддршката од секој од вас за да продолжиме напред, за државата да оди напред, за младите да ни останат овде, овде да градат иднина.“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека коалицијата на СДСМ ќе биде победничка коалиција и на изборите во 2024 година.

„И знам јас, знаете и вие дека ќе успееме, дека во 2024 година СДСМ и про-еверопската коалиција ќе победат и овде во Струмица и во сите општини низ државата.“ рече Ковачевски во Струмица.

Последни вести