fbpx

Јасно е, за ВМРО-ДПМНЕ не е можно ништо што е во интерес на граѓаните, тоа е партија која 11 години грабаше од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

За ВМРО-ДПМНЕ не е можно парите да се враќаат кај граѓаните затоа што токму ВМРО-ДПМНЕ 11 годинисамо грабаше од граѓаните.

 

За ВМРО-ДПМНЕ не беше можно да има евтина тарифа на струјата, затоа што токму оваа партија ја укина и ја поскапи цената на електричната енергија.

 

За ВМРО-ДПМНЕ не беше можно да има инвестициски циклус за изградба на капитални проекти, бидејќи нивните инвестиции беа провизиите, криминалните тендери, пропустите на автопатите, лажниот барок и спомениците.

 

Истата ВМРО-ДПМНЕ од скапоцениот дворец велеше дека не е можно да има поврат на 15 отсто ДДВ за граѓаните, а досега над 70 милиони денари се вратени назад кај граѓаните по основ на поврат на платено ДДВ и скенирани над 8.5 милиони евра.

 

Со години за ВМРО-ДПМНЕ не беше можно земјоделците да добиваат поевтина нафта, ти ги понижуваа земјоделците. Денес земјоделците веќе ги добиваат картичките за набавка на „зелена нафта“ поевтина за 30 отсто, 200 милиони денари се враќаат кај зејоделците.

 

Ништо ново од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија навикната само на земање од граѓаните, се противи на секоја мерка што обезбедува повеќе пари ја граѓаните и економски раст и развој.

 

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и конструира случаи реалните економски политики даваат реални резултати потврдени преку бројни економски показатели, трошоците се намалуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Последни вести