Прес конференција, Мујо Машовиќ – член на ИО на СДСМ, Гази Баба
Почитувани граѓани,
Посветено продолжуваме со реализацијата на дадените ветувања и спроведување на мерки во интерес на граѓаните.
Имено, одкако се донесе одлуката за намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија од 18 на 5% се отвори можноста за намалување на трошоците за парното греење на граѓаните.
Со одлука на Регулаторната комисија се намалува цената на парното греење на граѓаните приклучени на најголемиот снабдувач БЕГ за цели 6%.
Тоа значи дека секое наше семејство кое е приклучено на централно парно греење во стан со просечна квадратура, ќе добива пониски сметки во износ од повеќе од 2000 денари на годишно ниво.
На оваа позитивна мерка претходеше и укинувањето на паушалот на исклучените граѓани од парно греење кои неправедно го плаќаа со години.
На овој начин, сакаме да покажеме дека одговорно и посветено работиме на исполнување на дадениот збор за враќање на парите назад кај граѓаните.
Почитувани, со овие мерки, но и со преземањето на топловодните системи под свое раководење од страна на Град Скопје и новоформираното гасоводно претпријатие сакаме да покажеме дека продолжуваме преку реални политики и квалитетна стратегија да работиме на пониски сметки, но и подобар квалитет и повеќе корисници на парно услугите.
Тоа директно ќе влијае и врз намалувањето на аерозагадувањето.
За нас зборот важи. Како одговорна партија работиме кон враќање на парите назад кај граѓаните и реализација на мерките од Планот за чист воздух.