Соопштение за јавност
Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда од белиот дворец, криминалното здание кое е симбол на корупција, криминал и расипништво.
Нема поголем апсурд од тоа за обвинители да зборува Игор Јанушев Дизајн, човек против кого се води истрага поради отворено сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ поврзана со сомнителна набавка на автобуси за ЈСП Скопје.
Дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата и затоа не сакаат нов Закон за јавно обвинителство, јасно е одамна.
На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќничќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец.
Колку е ВМРО-ДПМНЕ за правда говори и фактот што Мицкоски со сиот ум за нов шеф на Јавното обвинителство го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот и кој креваше дивоградби во центарот на Скопје.
Рециклирањето на стари, нарачани и политички мотивирани процеси на „Сваровски“ судството против Зоран Заев, кои добија судска разрешница, нема да го прикријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена ги кочат реформите, за да го заштитат криминалот.
Денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка.
На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители а судството се контролираше од белиот дворец.
Реформите ќе продолжат во интерес на правдата, граѓаните и државата, колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето за предвремени избори ама догодина, е јасно признане дека ВМРО ДПМНЕ знае дека ќе ги загуби.