fbpx

Апасиев е реална закана за европската иднина, а Мицкоски е негов заложник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ.

Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник.​

Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен.​

Тоа го покажа и пред некој ден кога самиотпотврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.

Почитувани,​

Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата.

Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.​

Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме.

Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб.

Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи.

Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози.

Последни вести