Соопштение за јавност
Јавноста можеше да слушне и се уште памети како од белиот дворец се нарачуваа казни, судски предмети и пресуди.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ заканите и уцените кон граѓаните беа секојдневие.
Пиштење вриштење, нарачување инспекции, ендеци за жени и деца и палења ресторани, исклучување лифтови на изборен ден, “влечење за уши на гласање” се само дел од начините на кој ВМРО-ДПМНЕ владееше и се однесуваше со граѓаните.
Денес ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и раководството се уште седат во белиот дворец што е симбол на криминал и расипништво.
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство Никола Груевски се уште се заканува со пресметки и пресретнување во темни улички, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не се оградуваат од него, туку и работат по негови насоки.
Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и раководството на партијата остануваат послушници на Груевски, осамени во деструктивното делување и одбраната на криминалот.
Но наредбите од Будимпешта и антидржавното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречат напредокот.
Институциите по 11 години заробеништво, конечно функционираат независно и неселективно, без разлика колку тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 01.08.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА