Врз основа на член 29, став 1, алинеја 25 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии заверена со архивски број 02-691/1 од 20.08.2014 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0202-43/1 од 06.02.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии, заверена со архивски број 0205-332 од 19.07.2019 година донесена на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 10-та седница одржана на 18.07.2019 година, се објавува
ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на претседател и членови на постојното работно тело – комисија на
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани лица да поднесат кандидатура за претседател и членови на постојното работно тело на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Комисијата за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
Заинтересираните кандидати за претседател треба да достават биографија и план за работа, а кандидатите за членови треба да достават биографија до Претседателот на СДСМ, во седиштето на партијата на ул. „Павел Шатев“ бр.8 Скопје, најдоцна до 31.07.2019 година.
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА