fbpx

Дезинформаторот Милошоски ги срами граѓаните и државата, да поднесе оставка од фунцкијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност
 
 
Антонио фејк њуз Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести и дезинформации. 
 
Милошоски ја злоупотреби говорницата во Собранието и пратеничките прашања, за да шири лажни вести со што го наруши угледот на Собранието и меѓународниот углед на државата.
 
Лагите на Милошоски дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Белорусија во Белград и официјално беа демантирани од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија.
 
За таквите негови тврдења, во официјалното известување од Конзулатот стои дека „се што беше искажано се едноставно лажни вести“. 
 
Ова е пример за неодговорно и недостојно однесување на Милошоски што не се случува за првпат. 
 
Претходно, Милошоски лажеше дека дури седум земји на ЕУ биле против тоа нашата земја да започне преговори со Унијата, што беше експресно демантирано од високи претсавници на ЕУ. 
 
Лагите на дезинформаторот Милошоски се срамни и се на штета на угледот на државата, на штета на интересите на граѓаните.
 
Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора да поднесе оставка. 
 
Уште еднаш се потврди дека единствената понуда на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести, дезинформации и конструирани случаи против интересите на државата и граѓаните.
 
 
 
Последни вести