Почитувани,
Ве известуваме дека денеска членот на Централниот Одбор на СДСМ, Оливер Спасовски е со граѓаните на Прилеп.
Попладнево, со почеток во 17:00 часот предвидена е маалска средба во М.З Точила, каде што членот на Централниот Одбор на СДСМ Оливер Спасовски ќе има свое обраќање, ќе разговара со граѓаните и ќе одговара на нивни прашања.
Го покануваме вашиот медиум да гo проследи настанот.
Средбите со граѓаните се дел од активностите на партијата во летниот период, во рамки на новиот систем на делување.
Како што најавивме, тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката.