fbpx

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски и штети на државата, но нема да успее да го закочи напредокот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата.

Мицкоски бега од лидерска.

Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива.

Мицкоски е против правдата.

Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство.

Со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби.

СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее.

Напредоот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.

 

Последни вести