Врз основа на член 68 од Статутот на СДСМ, Одлуката за распишување на внатрепартиски избори, Правилникот и Роковникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, усвоени на осматата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 26.05.2019 година, се објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за самокандидирање за Претседатели на Општинските организации Бутел и Ѓорче Петров
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Бутел и Ѓорче Петров да поднесат кандидатура за Претседател на Општинската организација на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на Општинската организација на СДСМ:
• Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина
• Да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ
• Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап
• Да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги
• Да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат
• Да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата
Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават најдоцна до 22 јули 2019 до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.„Павел Шатев“ бр.8 Скопје.
Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и програма, пријава за самокандидирање, изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и правилник и роковник за постапката) се објавени на огласна табла во просториите на општинските организации на СДСМ, како и на веб страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – www.sdsm.org.mk.
Социјалдемократски сојуз на Македонија