Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
На денешната седница, се донесоа неколку одлуки, со кои Централниот обор на партијата ги заокружи промените во партијата.
СДСМ покажа дека има капацитет да се менува, во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на државата.
Во таа насока, Централниот одбор на СДСМ, денеска ги комплетираше првите луѓе на партиските Комисии на СДСМ:
Претседател на Комисијата за внатрешни работи – проф.д-р Зоран Верушевски
Претседател на Комисијата за европски прашања – Бојан Маричиќ
Претседател на Комисијата за економија – Киро Колемишевски
Претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање – Каја Кишукова
Претседател на Комисијата за здравство – д-р Венко Филипче
Претседател на Комисијата за земјоденство, шумарство и водостопанство – Зоран Атанасов
Претседател на Комисијата за труд и социјалана политика – Милан Живковиќ
Претседател на Комисијата за култура – Роберт Алаѓозовски
Претседател на Комисијата за образование и наука – Елизабета Наумовска
Претседател на Комисијата за надворешни работи – Едмонд Адеми
Претседател на Комисијата за одбрана – Драган Николиќ
Претседател на Комисијата за правда – Златко Николовски
Претседател на Комисијата за транспорт и врски – Благој Бочварски
Претседател на Комисијата за финансии – Фатмир Битиќи
Претседател на Комисијата за информатичко општество и администрација – проф.д-р Драган Гоцевски
Претседател на Комисијата за локална самоуправа – Дејан Павлевски
Претседател на Комисијата за енергетика – Митко Андреевски
Го проширивме бројот на Комисии и воведовме нова, Комисија за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани.
Во наредниот период остаува да се комплетираат Секретаријатите на овие Комисии, коишто ќе работат интензивно на креирање на нови мерки и политики и на реализација на она што е ветено пред граѓаните.
Снежана Калеска е избрана за Координаторка на Форумот на жени на СДСМ.
Задоволство ми е што имаме многу нови луѓе, млади, кои во спој со искусни и стручни луѓе, со авторитет и одговорност ќе дадат нов квалитет во делувањето на СДСМ и особено во делот на креирање на политиките.
Во овој период артикулиравме на централно и локално ниво 700 нови луѓе во извршните одбори на општинските огранизации, во партиските комисии и како претседатели на општински организации на СДСМ, процес којшто е целосно завршен.
Како генерален секретар ги информирав членовите на ЦО за тоа како новиот систем на работа и делување на СДСМ се имплементира.
Течат анализите на реализираните програми на локалната и централната власт.
Тимовите на СДСМ веќе се секојдневно меѓу граѓаните, на теренот, на маалски средби, ги слушаме граѓаните и делуваме. Она што го забележаа нашите тимови се анализира, ќе биде преточено во дополнителни политики и позитивни мерки во интерес на граѓаните.
Го најавувам следниот Централен одбор на којшто ќе донесеме пакет на мерки коишто се од интерес на граѓаните и којшто ќе бидат поздравени.
Централниот одбор на СДСМ во проширен состав, со пратеници, градоначалници, претседатели на ОО, министри, СДММ и Форум на жени, донесе Декларација со која што задолжи највисокото раководство на СДСМ, кое истовремено е највисоко раководство на владата, на државата, да продолжи со безкомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како и јакнење на правната држава преку создавање на услови за целосно владеење на правото.
Последните случаи покажуваат дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.
Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.
Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.
Разгледувајќи ја актуелната состојба Централниот одбор го реафирмира ставот дека како државотворна и одговорна партија СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.
СДСМ ќе направи се, реформите ќе продолжат, напредокот ќе продолжи, Република Северна Македонија ќе успее.