Соопштение за јавност
Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас на Охрид и охридскиот регион да бидат легализирани и тоа за само едно евро за метар квадратен.
11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид.
Токму, ВМРО –ДПМНЕ ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Охриѓани многу добро се сеќаваат на плановите на ВМРО –ДПМНЕ за градењето на аеродром на вода, ски-жичарница на Галичица како и проектите на Субрата Рој со луксузните ресорти на самиот брег на Охридското езеро.
Граѓаните се сведоци и на целосното разобличување на ликот на Плаошник.
Наспроти тоа, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид и цели кон спроведување на препораките на УНЕСКО.