Соопштение за јавност
Нов ден, нова лага од белиот дворец.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, секојдневно се шират лаги и невистини.
ВМРО-ДПМНЕ партијата која заради бизнис и криминални интереси го урниса здравството, денеска шири невистини и е против унапредување на здравствениот систем и подобра грижа за граѓаните.
Министерството за здравство официјално и јавно ги демантира лагите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, нема тендер како што лажно наведува оваа партија.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврди дека нема простор за интервенција во јавните набавки на Министерството за здравство со што се потврдува дека нема сомнителни тендери.
Имено, сомнителните тендери, криминали и високи провизии се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и завршија со нивното заминување во опозиција.
По сиот пустош што го направи за 11 години во здравството, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што се зголемува грижата за пациентите и со тоа што сите средства во здравството се со цел подобри, навремени и квалитетни здравствени услуги за граѓаните.
Скопје, 14.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА