Прес конференција, ОО СДСМ Гевгелија
Граѓанинот и напредокот на општеството се значајни приоритети за сите нас.
За таа цел тимови на Општинската организација на СДСМ составени од партиски функционери, градоначалник, советници, директори, веќе од утре се на терен меѓу Вас граѓаните во секое населено место, во секое маало, во секоја урбана заедница.
Ќе разговараме што е сработено, но ќе разговараме и за отворените прашања и за проблемите.
Вашиот збор е тој кој треба да се слушне, оној кој треба да се почитува и вреднува.
Затоа бидете гласни, јасни и реални во разговорите со нашите тимови кои ќе бидат заедно со Вас на тие заеднички средби.
ЗборотВажи!