Соопштение за јавност
Наместо да биде со студентите, вонредната професорка на Правниот факултет, Иванка Василевска, во приемно време за студенти, се појавува на партиски прес конференции.
Како што е јавно објавено на влезот на нејзиниот кабинет, приемните термини за студентите се во понеделник и среда од 11 до 14 часот. Токму во овој термин денеска, Василевска одржа прес конференција како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека студентите ја чекаат за консултации, таа одржува партиски прес конференции на кои шири лажни вести и невистини во дневнополитички цели.