Соопштение за јавност
Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески денеска во рамките на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ се обрати прег граѓаните на општина Лозово.
Андрески порача дека СДСМ како консолидирана партија, постојано е на терен го слуша гласот на граѓаните.
Како државотворна партија постојано на дело покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните но и реализација на стратешките интереси на државата, исткна Андрески, додавајќи дека додека СДСМ посветено работи на реализација на стратешките цели за евроинтеграцијата на државата, со заштитен македонски јазик и идентитет, со навремени и ефикасни мерки се справува со сите предизвици што ги носи кризата, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.
Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 50 закони во интерес на граѓаните и државата, а на локално ниво, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ цела година не работат ништо. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, порача Андрески.
Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески се осврна на мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ за помош на граѓаните и на стопанството.
Со два пакета мерки одвоивме 750 милиони евра за антикризни мерки. Во следните четири месеци им помагаме на над 200.000 граѓани, а дополнителни 52 милиони евра одвоивме за земјоделците, за да го зголемиме производствто на домашна храна и житарици, што е особено важно во време кога во светот има недостиг на храна“, истакна Андрески.
Тој нагласи дека со најновите мерки за обезбедување на пониска, фиксна цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија, почнаа да се намалуваат малопродажните цени на основните прехранбени производи, продолжува и субвенционирањето на сметките за струја за домаќинствата и 72.000 мали компании од 80%.
Андрески од Лозово ги повика граѓаните на обединување за остварување на визијата на СДСМ за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, во која младите ќе можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина.