fbpx

Ковачевски: Економијата е на добар пат, следната година ќе биде подобра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мојата цел, целта на Владата што ја предводам е конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме, да го зголемиме животниот стандард и следната година да биде подобра од оваа, порача претседателот Димитар Ковачевски вечерва во Велес пред граѓаните на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

-Имаме добра основа за тоа. Предвидувањата на ЕБОР се дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти. Нема недостижна цел, со многу работа со посветенот и реализација на економскиот план, следната година ќе биде година на економска пресвртница. И ова е одговор на едно од прашањата што ми беа поставени. Тоа ќе го постигнеме со реализација на политиките за инвестиции, со нови добро платени работни места, со инвестиции во капитални проекти и со енергетска транзиција со која ќе станеме зелен европски центар, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски порача дека Европска Македонија се гради и се поврзува и затоа во Буџетот за 2023 обезбедени се скоро 800 милиони евра за патишта, за улици, за булевари и клучки, за комунални проекти.

Последни вести