fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа парите да завршат кај граѓаните, тие би сакале во џебовите на фамилијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е против враќање на повеќе пари назад кај граѓаните, не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните а не во нивниот скапоцен дворец или во џебовите на фамилијата. 

Токму ВМРО ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите од граѓаните заради лично богатење додека граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ реализира серија мерки и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во семејствата.

Со мерката поврат на 15 отсто од ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината кај секое семејство.

Ова е последна од низата мерки кои  обезбедуваат помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните.

Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, намалувањето на извршителските, адвокатските, нотарските и катастарските трошоци, како и воведувањето на европската младинска картичка се намалуваат трошоците но и се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Само со мерката за воведување евтина тарифа над 11 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво.

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ парите ќе продолжат да се враќаат назад кај граѓаните.

 

 

Скопје, 19.06.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести