Почитувани,
ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска создадоа хаос во главниот град. Денеска Скопје е целосно парализиран град. Најфреквентните крстосници во градот се целосно блокирани, граѓаните цел ден се соочуваат со потешкотии во движењето.
Утрово стотици илјадници граѓани не можеа навреме да стигнат на своите работни места, до здравствените установи, до државните институции, учениците и студентите не може на време да стигнат до училиштата и факултетите.
Доцнат и возилата на итната медицинска помош од што зависат здравјето и животите на итните случаи.
Мицкоски стои зад овие блокади само заради кавгата со неговата Арсовска.
Блокада денеска е блокада на Христијан Мицкоски и неговата совест.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја промовираа Арсовска како идна мајка на градот, за „Модерсно Скопје“. Мицкоски со трубачи ја чекаше Аросовска еуфорично пред белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски од партиска говорница, најавуваше дека за Скопје ќе набавел 100 нови автобуси, па дури ветуваше отворање фабрика за електрични автобуси.
Денес, од тоа нема ништо, а не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.
По денешниот колапс на сообраќајот, прво што Мицкоски треба да направи е да им се извини на граѓаните.
Потоа да ги повика неговите советници од мнозинството и членови на Управниот одбор на ЈСП да преземат мерки за надминување на блокадите.
Денеска Скопје е заглавен град, како што Македонија беше заглавена 11 години под ВМРО-ДПМНЕ.