fbpx

Советниците и членовите на УО во ЈСП од ВМРО-ДПМНЕ нека му одговорат на Стоилковски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Очајни и патетични се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се одлепат од Данела Арсовска и да се изземат одговорност за катастрофата што му ја прават на Град Скопје.

Данела Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ која Христијан Мицкоски и членовите на партиското раководство лично ја промовираа и бараа поддршка од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ има претседател на Совет и мнозинство во Советот на Град Скопје.

Директорите и членовите на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија вклучително и на ЈСП доаѓаат во најголем дел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и директорите кои по кавгата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска се претставуваат како независни, впрочем се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, каков што е случајот со новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за хаосот во Скопје, па портпаролот Наум Стоилковски од таму нека ги чека одговорите за сите неговите прашања, кои само откриваат дека партијата предводена од Мицкоски нанесува штета врз градот и граѓаните.

Последни вести