Соопштение за јавност
Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат на раст на економијата, на бруто домашниот производ за првиот квартал за 2019 година од 4,1 отсто.
Растот на економијата е директен показател за енормната разлика на домаќинското владеење на Владата преводена од СДСМ и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2017 за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, БДП изнесува минус 1,8 отсто.
За само 2 години од заробена, задолжена и осиромашена држава, нашата земја е блескав пример со силна и конкуретна економија.
Создаваме развојна економија која нуди шанса за сите.
Растот на економијата и БДП се доказ за успешната економска политика на Владата предводена од СДСМ и ги демантираат сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Скопје, 08.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА