fbpx

Битиќи од трибината на СДСМ „Силно и одлучно“ од Шуто Оризари: СДСМ вложува во сите општини, за добар живот на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Шуто Оризари, дел од караванот „Силно и одлучно“.

На трибината потпретседателот Битиќи се осврна на граѓанскиот концепт на едно општество за сите кој го гаи СДСМ, како одговорна и делотворна партија, за сите граѓани.

Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место.

„Во Шуто Оризари се завршени големи и значајни проекти меѓу кои, опремувањето и функционирањето на гинеколошката ординација. Не е важно колку чини, зошто што е поважно од здравјето на близу 20.000 жени кои живеат тука. Кој сега добиваат добри и навремени прегледи кои можеби некому ќе спасат и живот.

Преку ТАВ проектите, завршена е и канализациската мрежа на улиците – Јордан Хаџи Шишков и Брсјачка Буна како и Овчеполска со дел од Новопроектирана улица. Ова канализациско поврзување чинеше 1 милион и 200 илјади евра, вложени во инфраструктура која е значајна.“ – истакна потпретседателот Битиќи

Потпретседателот на почетокот на трибината се осврна и на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.

„Тежок период е, сите ги чувствуваме последиците од кризата, но заедно сме, СДСМ е тука за вас. Само заедно можеме да успееме и ќе успееме, во тоа да бидете сигурни.“ – рече Битиќи

Потпретседателот Битиќи на крајот на своето обраќање се осврна на концептот на едно општество за сите кој СДСМ како партија на граѓаните го гради и надградува.

„СДСМ е силна поради различностите, силна поради вербата во едно општество за сите“ – истакна Битиќи

Последни вести