fbpx

Додека Мицкоски и Арсовска се караат, СДСМ ги решава проблемите на скопјани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Шокантните признанија што се појавиja во кавгата помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска само потврдуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија заглавена во насилничката матрица.

Арсовска го обвини Мицкоски за директни закани, а ВМРО-ДПМНЕ и порача на градоначалничката на Град Скопје да се провери дели е психички здрава, тоа говори за нивото на политичка и лична култура на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска, меѓусебно се расправаат, се клеветат и се закануваат, граѓаните се игнорирани, а нивните потреби се заборавени.

Град Скопје е во хаос поради тие кавги за пари и провизии меѓу Арсовска и Мицкоски.

Додека Мицкоски и Арсовска се расправаат, СДСМ ги решава проблемите на Скопје и скопјани.

Приватните превозници излегоа в пресрет на барањето на премиерот Димитар Ковачевски да ги ослободат улиците и да овозможат граѓаните на Скопје да живеат нормално.

Приватните превозници, граѓаните гледаат сериозност во Владата и премиерот и сметаат дека тие треба да бидат медијатори на проблемот што го создадоа ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.

СДСМ, преку Владата, преку институциите, преку советничките групи во Градот и општините, прави се за надминување на последиците од кавгите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и Град Скопје не смеат да трпат заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Последни вести