Кавгите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови.
Заканите што ги посочува Арсовска потврдуваат, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка матрица, која граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години.
Навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.
Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за пари и тендери, интересот и потребите на граѓаните се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.
Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје.