fbpx

30 мил. денари достапни на граѓаните за подобрување на енергетската ефикасност, отворен е повик за замена на нееколошки системи за греење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ, надлежните институции започнаа со реализација на мерките кои имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух.

Од страна на Владата, отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

Истовремено, од Министерството за економија, отворен е јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ прозорци.

Оние граѓани кои ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, додека граѓаните кои ќе постават алумински или ПВЦ прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума но не повеќе од 25.000 денари.

На овој начин ќе им се помогне на граѓаните кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикансост но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување со што ќе влијаат врз намалување на загаудвањето. За реализација на оваа мерка обезбедени се 30 милиони денари.

Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок кои имаат за цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

 

Скопје, 20.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести