fbpx

Марковска: Со Буџетот за 2023 година рекордни средства за земјоделството и капитални инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сите политики и мерки што ги содржи буџетот за 2023 се насочени кон справување со енергетската криза и ценовната криза, поддршка на граѓаните и економијата, редовна и навремена исплата на плати и пензии и затоа е потребно денес, на крајот на денот, сите заедно да го донесеме, порача пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната седница на Собранието.

Марковска истакна дека Буџетот е развоен обезбедува 800 милиони евра за капитални инвестиции, средства за раст на платите и пензиите, како и 250 милиони евра за нови мерки за помош на граѓаните, но и дека се обезбедени досега најмногу средства за поддршка на земјоделството.

„За 2023 околу 9 милијарди денари средства наменети за земјоделците.

Се започнува со целосна имплементација на до сега најголемата земјоделска реформа со која земјоделците добиваат предвремена исплата од 30% на субвенции во тековната година.

Дополнителна субвенција за значајни култури, поголема поддршка за сточарите, поддршка до секој земјоделец преку интервентната програма. 10.000 евра поддршка преку новата мерка бизнис план во земјоделството на земјоделците чија основна дејност е земјоделство.

Поддршка за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи обезбедувајќи здрав оброк за учениците во основните училишта. Грант до 10.000 евра за малите семејни винарници. 10.000 евра на малите производители на храна и развивање на продажбата на храна. Развој на селата преку поддршка на семејни задруги и друго.“ порача Марковска.

Последни вести